Добредојдовте во 

WE COOK-IN проектот

WE COOK-IN – Интеграција на луѓето со мигрантско потекло и подобрување на нивните можности за вработување во угостителскиот сектор, преку подобрување на нивните вештини за готвење.  

WE COOK-IN работи на промовирање на социјалната вклученост и унапредување на луѓето со мигрантско потекло во општествата од земјите домаќини, преку вклучување на пазарот на труд во секторот угостителство. Проектот има за цел да ги интегрира луѓето со мигрантско потекло преку готвачки вештини и програми за обука кои ги задоволуваат потребите на нашата целна група. integrate people with migrant backgrounds through cooking skills and training programmes that meet our target group’s needs. 

WE COOK-IN Алатки за учење

Овој курс предвидува збирка на ресурси, наменети за подобрување на меките и професионални вештини на мигрантите, што ќе им овозможи поголеми можности за вработување. Курсот се состои од пет модули, започнува со професионални вештини како што се: употреба и одржување на прибор за готвење, кулинарски техники, презентација и одржливост. Последниот модул се фокусира на меки вештини како тимска работа, социјални вештини, трудова интеграција, родова еднаквост и речник за готвење:

Професионални вештини – Алатки и кујнски прибор: употреба и одржување.

Професионални вештини – кулинарски техники и потребни суровини.

Професионални вештини – кулинарска елаборација.

Професионални вештини – Одржливост: Одржливо управување со отпад.

Soft Skills – тимска работа, социјални вештини, трудова интеграција, родова еднаквост и речник за готвење.

Прирачник за едукатори за возрасни – Учење на различности и валидација на компетенции.

Прирачникот за едукатори за возрасни е наменет да им помогне на едукаторите за возрасни подобро да ги разберат и имплементираат клучните концепти како што се интеркултуралноста и различноста во рамки на нивната работа со возрасни ученици. Исто така, се залага за различни наставни пристапи кои можат да им помогнат на возрасните ученици да стекнат корисни вештини за да ја зголемат својата вработливост.

WE COOK-IN Онлајн платфорна на знаење

WE COOK-IN Онлајн платформата ќе служи како една влезна точка, која ќе нуди брз и лесен пристап до сите WE COOK-IN материјали за учење. Предложената платформа ќе поддржува различни напредни онлајн курсеви и ќе вклучува механизми за следење, преку кои едукаторите на возрасни ќе можат да го следат напредокот на своите целни групи додека ги користат предвидените алатки за обука. Дополнително, платформата ќе содржи библиотека со практики за готвење и рецепти од различни култури за да послужи како извор на инспирација, да промовира културна размена и да ја подигне свеста за предностите на различноста.

Новости

Билтен 1

Билтен 2

Билтен 3

Билтен 4

Партнери

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Контакт

За да се вклучите и да го поддржите нашиот проект, ве молиме побарајте не и следете не на Facebook на:

Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“ не можат да сносат одговорност за нив. Project Number – 2022-1-NO01-KA220-ADU-000089795

mk_MKMacedonian